fbpx

Од направени 598 тестови, 34 биле позитивни на ковид-19

-

Од направени 598 тестови во изминатото деноноќие, 34 се позитивни на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се девет реинфекции. Освен тоа, регистрирани сe и 47 оздравени пациенти.

„Иаминатото деноноќие нема регистрирани починати лица. Согласно  Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, регистрирани се две починати лица, едното од Скопје (72г) и од Прилеп (77г). Едно лице е починато во домашни услови и едно лице во болнички услови. Починатите лица се регистрирани во периодот од 17.09 до 01.10“, информираат во министерството.

Во државата досега се направени вкупно 2.178.565 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.756, бројот на оздравени пациенти е 333.880, на починати е 9.556 а бројот на активни случаи изнесува 320.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...