fbpx

ССНМ: Медиумите ќе бидат изложени на брутална цензура ако судот го прифати барањето на Жан Митрев

-

Целата медиумска индустрија ќе биде изложена на брутална цензура ако судот го прифати барањето на доктор Жан Митрев за примена на вонредни судски мерки, односно за повлекување на истражувањето на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) со наслов „Нечиста крв“, предупреди денес Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

ССНМ јавно инсистира Судот да не го прифати барањето Митрев потсетувајќи за опасноста за која укажуваше уште пред десет години при носењето на Законот за клевета и навреда – преку членот 23 да се забрануваат и отповикуваат новинарски стории.

„Имено тој член, како што укажувавме и во 2012, овозможува секој што ќе поднесе тужба за клевета и навреда да може да побара од судијата вонредни мерки за запирање на објавувањето на она што тужителот го оценува како клеветничка содржина, нивно отповикување доколку се објавени сè до исходот на тужбата“, истакнуваат од ССНМ.

Од таму додаваат дека иако станува збор за член што се применува во развиени демократии постои опасност од негова злоупотреба.

„Сметаме дека е крајно опасно за демократијата и за слободата на говорот и на медиумите да стане пракса забраната за емитување или повлекување на веќе објавени содржини, односно за новинарски истражувања кои несомнено се од јавен интерес“, велат од ССНМ.

ССНМ воедно ги повикува колегите и редакциите да ја препознаат заедничката опасност, да се солидаризираат со колегите од ИРЛ и превентивно да реагираат за да се одбегне каква и да е можност за примена на членот 23 сега и во иднина.

Оваа реакција на СННМ следи откако вчера Клиниката „Жан Митрев“ и докторот поднеле тужба за клевета и навреда кон редакцијата на ИРЛ и новинарите автори на истражувањето „Нечиста крв” придружена со предлог за издавање на времена мерка која вклучува бришење на објавите и забрана за дополнително известување додека трае судскиот спор. А, дополнително, како шро објави редакцијата ИРЛ, побарале филмот и другите поврзани продукти да бидат избришани од интернет просторот.

Обвинителството отвори предмет по сторијата на ИРЛ за „Жан Митрев“, од клиниката тврдат дека се работи за невистини

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...