fbpx

Евидентирани 53 нови ковид-случаи, 16 се реинфекции

-

Педесет и три нови случаи на ковид-19 се евидентирани во последното деноноќие, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Во изминатите 24 часа направени се 657 тестови, а од вкупниот број позитивни, регистрирани се 16 реинфекции. Оздравеле 36 пациенти. Смртни случаи, нема.

Досега во земјата се направени вкупно 2.175.576 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.515, бројот на оздравени пациенти е 333.647, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 317.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...