fbpx

Во соработка со УНДП, Општина Центар ќе ги активира невработените жени и лицата со попреченост

-

Општина Центар и УНДП потпишаа Меморандум за соработка при вработување на жени и други ранливи групи на граѓани преку испорачување на социјални услуги за нега, помош и одмена на семејна грижа во домот и заедницата, соопштија од Општина Центар.

Како што велат од Општината, тие ќе основаат Центар за испорачување на социјални услуги за нега во кој корисниците ќе можат да добијат 24 часовна грижа од сертифицирани негуватели.

„Преку оваа соработка Општина Центар ќе ги активира невработените жени и лицата со попречености внесувајќи ги на пазарот на труд и овозможувајќи им вработување и истовремено ќе обезбеди социјални услуги за лица со попречености, стари лица, долгорочно болни лица и други ранливи групи на граѓани кои имаат потреба од нега, асистенција, помош во домот и одмена на семејна грижа“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...