fbpx

Новата британска премиерка Лиз Трас ја презема функцијата соочувајќи се „Путиновата“ енергетска криза

-

Лиз Трас стана новa британскa премиеркa по поканата од кралицата Елизабета Втора на состанокот во Балморал, Шкотска, на 6 септември. Таа се соочува со предизвици кои вклучуваат енергетска криза и одржување на поддршката од јавноста за силниот одговор на Западот на руската инвазија на Украина, пренесе РСЕ на англиски јазик.

Таа посочи дека еден од нејзините први чекори ќе биде да ги „замрзне“ сметките за електрична енергија и другите трошоци преку план вреден над 115 милијарди долари.

Пред да ја напушти функцијата, сега екс-премиерот Борис Џонсон најави поддршка за Трас и рече дека рускиот претседател Владимир Путин е во „целосна заблуда“ ако мисли дека ќе му успее да „уценува и малтретира“ со снабдувањето со гас.

Пред Даунинг стрит бр. 10 за време на неговото последно појавување како премиер, Џонсон предвиде дека Обединетото Кралство ќе ја задржи „економската моќ за да им ги даде на луѓето парите што им се потребни за да ја пребродат оваа енергетска криза што е предизвикана од злобната војна на Путин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...