Изборот на нова премиерка на Велика Британија е позитивен сигнал за берзите
јули 13, 2016
Светските брзи денеска бележат подем бидејќи изборот на нова премиерка на Велика Британија ја намали неизвесноста по референдумот. Аналитичарите оценуваат дека расположението на инвеститорите на пазарот се подобрило, бидејќи британската владејачка Конзервативна партија ја избра Тереза Меј за нова лидерка и премиерка. Се очекува и Централната банка на Велика Британија да ја намали референтната каматна стапка.