Не е точно дека Заев и Филипче се новите сопственици на болницата „Ре-Медика“

-

Во сопственичката структура на приватната болница засега не се извршени никакви промени. Ова не значи дека можеби во иднина нема да се случат, но информацијата дека од 1 септември годинава сопственици на „Ре-Медика“ се поранешниот премиер Зоран Заев и ексминитерот за здравство Венко Филипче, не соодветствува со фактите. Според податоците од Централниот регистар, сопственик на општата болница „Ре-Медика“ е Макмедикон Консалтинг, а управител е Елица Јорданова, сопруга на бизнисменот Минчо Јорданов и овие податоци не се променети од 2006 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се тврди дека поранешниот премиер Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче станале газди на приватната болница „Ре-Медика“. Нашата проверка на факти покажа дека оваа информација не е точна. 

Во споделениот напис, во насловот, се вели:

ГОТОВО Е! РЕМЕДИКА ОД ДЕНЕС Е ФИРМА НА КОЈА ГАЗДИ СТАНАА ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ!!!

Понатаму, во текстот се пренесува наводен допис од анонимен читател, кој, меѓу другото, тврди дека „од денеска (н.з. 1 септември 2022) „Ре-медика“ е во сопственост на Заев и Филипче“ и се додава дека ексминистерот за здравство бил во посета на болницата, „се однесувал како газда, се шетал со газдарицата Елица и се шетале и разговарале во канцеларијата“.

Нашата проверка на факти покажа дека оваа информација не е точна, односно во сопственичката структура на приватната болница не се извршени никакви промени. Ова не значи дека можеби во иднина нема да се случат, но информацијата дека од 1 септември годинава сопственици на „Ре-Медика“ се Зоран Заев и Венко Филипче, не соодветствува со фактите.

Имено, според податоците од Централниот регистар, сопственик на општата болница „Ре-Медика“ е Макмедикон Консалтинг, а управител е Елица Јорданова, сопруга на бизнисменот Минчо Јорданов. 

Макмедикон Консалтинг ГмБХ е фирма со седиште во Виена, Австрија, отворена е во 2004 година, а според австрискиот регистар на компании, акциите во фирмата се поделени меѓу Минчо и Елица Јорданови, додека Јорданов се јавува како директор.

Овие податоци, во однос на сопственичката структура на „Ре-Медика“ не се променети од 2006 година.

Инаку, ПЗУ Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија основана во 2005 година. На адресата на болницата, пак, според податоците од Централниот регистар, 16-та Македонска Бригада 18, Гази Баба во Скопје, регистрирани се и голем број други фирми кои се поврзуваат со познатиот бизнисмен Јорданов. На официјалната веб-страница на болницата, сè уште стои Елица Јорданова како генерална директорка.

Сето ова значи дека сопствеништвото на „Ре-Медика“, формално-правно не е променето, иако за тоа во последниов период постојат повеќе шпекулации во јавноста. Оттаму, информацијата дека Заев и Филипче станале сопственици на „Ре-Медика“ ја оценуваме како невистинита. 

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос, во интервју...

Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога...

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во...

„Системот убива, институциите молчат“ – протестен марш на семејствата на жртвите од Кочани

Со транспаренти на кои пишуваше „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, „Селективна одговорност е неодговорност, бараме правда!“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ и „Системот убива, институциите молчат“,...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос,...