fbpx

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово закажано за 6 септември

-

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, кој се случи пред речиси една година и во кој загинаа 14 лица, е закажано за 6 септември 2022 година во 10 часот кај судијата Јордан Велковски, објави Основен суд Тетово на веб-страната во календарот на судења.

Судењето е закажано откако на 16 август предметот за модуларната болница согласно Информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС) беше распределен кај судија. По разгледување на обвинителниот предлог судијата сега го започнува судењето.

„Со предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од страна на ОЈО Тетово со бр. КО 531/22 со кој се обвинети Ф.Б, и А.Е за кривично дело тешки дела против општата сигурност и Б.В. за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правно лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е распределен кај судија од Кривичниот оддел со предмет К бр. 450/22“, соопштија од Судот на 16 август.

Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 кога 14 лица ги загубија животите. Основното јавно обвинителство Тетово, по повеќемесечна истрага на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...