fbpx

Евидентирани нови 897 ковид случаи, речиси половина од тестовите се позитивни

-

Нови 897 ковид случаи во последното деноноќие евидентирал Институтот за јавно здравје, информираат во Министерството за здравство. Направени се вкупно 1.828 тестови, што покажува дека безмалку половина од тестираните се позитивни. Од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 215 реинфекции.

„Регистрирани сe 638 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (80г и 83г) двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица“, информираат во министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.112.539 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 325.279, бројот на оздравени пациенти е 311.015, на починати е 9.363, а бројот на активни случаи изнесува 4.901.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...