fbpx

Од полноќ поскапуваат храната и горивото, Владата не ги продолжи антикризните мерки

-

Од полноќ истекува важноста на мерките коишто беа донесени во март за ублажување на ефектите од економската криза. Откако на денешната владина седница не стана збор за продолжување на антикризните мерки, се отвара простор за вртоглав раст на цените на храната и горивото поради порастот на акцизите и ДДВ-то, објави Дојче Веле на македонски јазик.

Според информациите од Владата, засега нема предлози за конкретни антикризни мерки, иако во ребалансот на Буџетот се предвидува одредена сума на средства за ублажување на ефектите од кризата.

Со истекувањето на времената владина антикризна мерка, која во изминатите три месеци спречи драстични поскапувања, од полноќ стапката на ДДВ-то се враќа од 10 на 18 отсто при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата од 2 денари на нафта и нафтени деривати, со што се очекува значително да поскапат бензинот и нафтата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објава погрешно тврди дека на Кина не ѝ е гајле за Западот

На Кина и тоа како и се важни западните земји, бидејќи тие се нејзини најголеми трговски партнери. Доказ за тоа е и најавата за посетата на кинескиот претседател на...