fbpx

БГНЕС: Радев и Петков одат во Париз да го кренат ветото за почеток на преговорите на РС Македонија

-

Според бугарската приватна новинска агенција „БГНЕС“, во најкраток можен рок ќе се организира посета на претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Кирил Петков, на Париз, односно на францускиот претседател Емануел Макрон, на која Бугарија и официјално ќе го крене ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ. Со тоа Бугарија ќе го прифати предлогот на Макрон, кој вклучува и услови за земјава, пишува агенцијата.

БГНЕС како извори на информацијата за посетата државниот врв на Париз наведува учесници во последниот состанок на владејачката коалиција во Бугарија, што се одржал во петокот.

„Изворите се од различни политички формации и секој од нив одделно ја потврди информацијата“, пишува БГНЕС.

Агенцијата наведува дека на состанокот учествувале Кирил Петков, Асен Василев, Иван Ченчев, Георги Свиленски, Гроздан Караџов, Станислав Балабанов, Велислава Петрова, Атанас Атанасов и Владислав Панов.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, кој се наоѓа во Брисел, на состанокот на Европскиот Совет, на кој се прецизира шестиот пакет мерки против Русија, вели дека не може да коментира за одредени поканувања и непоканувања и дека сите работи од спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија се во рацете на дипломатите.

„На ниво на МНР се врши многу голема работа за да се види какви се сите можности за напредок на темата Република Северна Македонија. Но не можам ништо да потврдам“, рекол Петков, наведувајќи дека она што ќе договорат дипломатите, ќе мора да помине низ парламентот, како што со месеци ветува тој, соочен со големи противења од некои од владините коалициски партнери „на отстапки кон Северна Македонија“.

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска пак за Бугарското национално радио увери дека не се водат тајни преговори со Северна Македонија. Како што вели таа, последните разговори со експертската екипа од Скопје се одвивале на 11 февруари и на нив не е забележан напредок, што би било основа за следен круг консултации. Во моментот се подготвува посета на експертските тимови.

„Не, не преговараме“. Тоа што го правиме во моментов – се подготвуваме за официјална посета на експертските екипи меѓу Министерството за надворешни работи на Бугарија со Министерството за надворешни работи на Македонија. Мислам дека веќе е дојдено времето да се намали притисокот меѓу двете министерства и чисто формално да отидеме на реципрочна основа да го посетиме експертскиот тим на РСМ“, вели Генчовска, која е од „Има таков народ“, партијата на шоуменот Слави Трифонов, која е определена за цврст став кон Македонија и инсистира на исполнување на сите бугарски услови.

Според БГНЕС, на коалицискиот состанок во петокот, од бугарската влада информирале дека „француското претседателство со ЕУ ветило дека ќе ги вклучи сите бугарски барања во претоварачката рамка и нивното исполнување ќе биде гарантирано од самиот Макрон“.

„Тоа во практика значи дека ние му се доверуваме целосно на Макрон, но во исто време ризикуваме да влеземе во децениски спор, затоа што секоја од земјите-членки ќе може да блокира секое поединечно решение. Тоа ќе биде бескраен спор“, го пренесува БГНЕС размислувањето на еден од нејзините извори за посетата на Париз и за кревањето на ветото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...