fbpx

Нови 139 случаи на ковид-19, регистрирани се 25 реинфекции

-

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.424 тестови, а регистрирани биле 139 нови случаи на ковид-19: Скопје – 58, Битола – 34, Прилеп – 6, Струмица – 5, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по 4, Тетово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (139), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 19, Кичево – 5, Штип – 4, Кавадарци – 3, Куманово, Велес, Гевгелија, Ресен и Свети Николе – по 2, Тетово, Кочани, Виница, Струга и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Скопје (73г), починато во домашни услови на 01.05.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.026.507 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.063, бројот на оздравени пациенти е 300.107, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 672.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...