fbpx

За 24 часа, 137 нови случаи на ковид-19, пријавени се двајца починати

-

Министерството за здравство соопшти дека во последниве 24 часа во земјава биле направени 2.303 тестови, а регистрирани 137 нови случаи на ковид-19. Од нив најголемиот број се во Скопје – 61 и во Битола – 39.

Од вкупниот број позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти.

Во текот на изминативе 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје, на 70 – годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се пегистрирани во период 09.04.-17.04.2022 година.

Досега во земјава се направени вкупно 2.018.029 тестирања за ковид-19, а вкупната бројка на утврдени случаи изнесува 309.571. Бројката на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а на активни случаи 553.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...