fbpx

Владата и СОНК постигнаа договор, од среда ќе продолжи наставата и работата на градинките

-

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот договор, информираат од владината прес-служба.

Низ отворен дијалог, на состанокот со кој претседаваше премиерот Димитар Ковачевски, и на кој учествуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, со СОНК претставен од претседателот Јаким Неделков, придружуван од членови на синдикатот и од Сузан Флокен, директорка на Европската конфедерација на синдикати за образование, постигната е согласност за покачување на платата во образованието и во детската заштита за 12 отсто, кое ќе биде реализирано со ребалансот на Буџетот и ќе започне да се применува со јулската плата.

Денешниот договор меѓу Владата и СОНК вклучува и заедничка соработка на креирањето на методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на оваа година и којашто ќе се применува од 2023 година, а која ќе е предмет и на општиот колективен договор.

Владата и СОНК се договорија како предмет на усогласување на гранскиот колективен договор да биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, кој ќе започне да се исплаќа од 2023 година, откако претходно ќе биде потпишан општиот колективен договор со јавниот сектор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...