среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: градинки | 71 резултати

Свежо овошје од домашно производство и годинава за децата од градинките

17 мај 2023

Децата од предучилишните установи ќе добиваат свежи сезонски овошја од домашно производство како кајсии, праски, сливи, круши и јаболка во текот на пет месеци, односно секое дете треба да добие по еден килограм овошје неделно. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на посетата на детската градинка „13 […]

Храната која се послужува во градинките да обезбеди заштита на здравјето на децата

25 април 2023

Со цел да се заштити и унапредува здравјето на децата, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжи со реализација на обуки за безбедност на храната во градинките. Преку овие обуки, како што посочија од АХВ, се превенираат инциденти поврзани со небезбедна храна во предучилиштните установи преку едукација на персоналот за опасностите во храната и правилната […]

До Здравствениот инспекторат постојано стасуваат пријави за нехигиена во училиштата

26 декември 2022

Во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), постојано стасуваат пријави од училишта во кои хигиената не е на задоволително ниво, вели за Мета.мк в.д. директорката на Инспекторатот, д-р Рената Младеновска. Според неа, пријавите стасуваат од родители, односно од претставниците на Советите на родители, но и од самите наставници кои работат во училиштата во кои не […]

Муцунски најави градба на две градинки во Аеродром следната година

22 декември 2022

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски најави дека следната година општината планира почеток на градба на две нови градинки, од кои едната ќе биде во населба Лисиче, а другата позади кулите Џевахир. Муцунски денеска ги презентираше плановите за следната година, при што рече дека најважни за Аеродром како најголема општина во земјава, но и општина […]

Со договореното покачување, наставникот што сега има 26.000 денари плата, би имал 29.900

18 мај 2022

Во посредство на помирувач, поминаа 19 дена од процесот на помирување и преговори, во кој Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги приближија ставовите околу висината на платите на вработените во образование. По последната синоќешна средба, министерот Јетон Шаќири соопшти дека почнувајќи со исплата од септември, платите […]

Престануваат да важат ковид-протоколите во градинките

9 мај 2022

Ковид-протоколите во предучилишните установи во земјава престануваат да важат во согласност со предлозите од Главниот координативен кризен штаб, кои беа прифатени од Владата, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Владата пред една недела на редовна владина седница донесе одлука со која ги усвои предлозите од Главниот координативен кризен штаб, по препорака на Комисијата за заразни […]

Владата и СОНК постигнаа договор, од среда ќе продолжи наставата и работата на градинките

25 април 2022

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во […]

Попладнево средба на СОНК и Владата, ако нема договор, штрајкот ќе продолжи и утре

25 април 2022

Во владата попладнево ќе се одржи нова средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) како уште еден обид да се постигне договор за завршување на штрајкот во училиштата и градинките во земјава. Покрај претседателот на СОНК Јаким Неделков, на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон […]

Штрајкувачите ќе добијат само пари за придонеси, штрајкот продолжува и утре

20 април 2022

Mинистерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, денеска изјави дека на оние кои штрајкуваат во училиштата и во градинките, ќе им бидат исплатени само придонеси. Таа кажа дека тоа не значи дека врз вработените се прави притисок да го прекинат штрајкот, туку, според неа, тоа е само почитување на законите и колективниот договор. Согласно […]

Народен правобранител: Образовниот процес на децата не треба да трпи последици од штрајкот

19 април 2022

Правото на штрајк и правото на образование се две уставно загарантирани права, но во ситуација при судир на овие две права, според сите меѓународни документи и според Конвенцијата за правата на детето, предност се дава на правата на децата, што значи дека воспитно – образовниот процес не треба да трпи последици. Ова денеска го изјави […]

Малолетничките бракови во фокусот на новата епизода на „Шорткат“

14 април 2022

Проблемот со малолетничките бракови е во фокус на новата епизода на информативната емисија за млади „Шорткат“. Согласно податоците од организациите, тие се особено чести во средини каде што живее најсиромашното население. Освен што склучувањето брак влијае негативно врз здравјето на малолетните девојчиња, тоа е и една од причините што тие престануваат да се образоваат, затоа […]

СОНК од утре ќе штрајкува, бара Владата да го „одврзе ќесето“

10 април 2022

Штрајкот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ќе се одржи утре. Членовите на синдикатот ќе штрајкуваат со неизвршување на работните задачи на работното место, односно ќе бидат сместени во простории што заеднички ќе ги договорат со директорите на установите и нема да ги извршуваат своите воспитно-образовни и згрижувачки дејности, соопшти на прес-конференција […]

СОНК најавува штрајк од 11 април, нема да има настава и згрижување деца

30 март 2022

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) донел одлука за организирање на генерален штрајк во образованието и градинките кој ќе започне од 11 април, затоа што не постигнале договор со надлежните за зголемување на платите. Како што соопштија оттаму, во изминатиот период оствариле повеќе средби во Владата, но и со социјалните партнери – министерствата […]

Идните воспитувачи мора да знаат да работат со деца уште во текот на студиите

9 март 2022

„Голем број на неуспеси што се случуваат во градинките и образованието се адресирани токму во факултетите кои го продуцираат овој кадар. Затоа интензивно работиме веќе две години, со поддршка од Светска банка, на зајакнување на системот на иницијално образование на воспитувачите во нашата земја“, соопшти на денешната панел дискусија денеска професорката Лена Дамовска од Филозофскиот […]

Се чека ред за во градинка, а запишани деца не одат заради страв од ковид

9 февруари 2022

Градинките во државата веќе година и пол се отворени за згрижување деца под посебни протоколи во време на пандемија. Директорките на неколку градинки со кои поразговаравме велат дека во некои од нив нема доволно место за да се примат сите деца, па поради тоа листите за чекање се полни, а од друга страна, родители кои […]

Паштетите, кечапот, мајонезот, маргаринот и вештачките засладувачи ќе се исфрлат од исхраната во градинките

10 ноември 2021

Работната група за ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките денеска во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) одржала работен состанок, на кој се предложени промени во исхраната на децата во градинките и стандардите за неа. Работната група препорачува зголемен внес на свежо овошје и зеленчук, но и конзервираната храна […]

Апел до вработените во градинките да се имунизираат, речиси 60 проценти од нив примиле вакцина

5 август 2021

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирани да го сторат тоа, со цел непречено одвивање на воспитно-образовниот процес во време на пандемија. „Како ресорно Министерство упатуваме на општествена одговорност на сите вклучени во процесот на воспитување и образование на децата од предучилишна возраст, имунизацијата […]

Порталб: Ганиу го завршува мандатот без да го исполни ветувањето за реконструкција на градинките

2 февруари 2021

Реконструкција на фасадата и опремување на градинки со енергетска ефикасност, реконструкција на оградите, хортикултурно уредување, игралишта со реквизити, урбана опрема, пешачки улички, се дел од предизборните ветувања на „Договорот“ на Висар Ганиу. Во него, тој вети дека ќе ги реконструира сите градинки во Општина Чаир, вклучувајќи ги и горенаведените проекти, како и да изгради две […]

За месец и пол, 109 вработени во градинки и 33 деца биле позитивни на ковид-19

30 октомври 2020

Согласно последните податоци на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), од првиот ден кога градинките почнаа да примаат деца на 9 септември досега, регистрирани се вкупно 109 вработени лица во градинка кои биле позитивни на ковид-19 и 33 деца кои посетувале градинки, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. – Дел од […]

Шахпаска: Регистрирани 15 деца и 44 вработени во градинките кои се позитивни на ковид-19

15 октомври 2020

Министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска информираше дека од отворањето на градинките на 9 септември до денеска, во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни на ковид-19. „Во моментов 44 вработени и околу 190 деца се во изолација. Здравствената состојба на сите нив е добра,“ одговори Шахпаска на новинарско прашање. Таа […]

Страна 1 од 4