НАТО побара од Данска да испрати баталјон од 800 војници во Летонија за да го зајакне источното крило на воената алијанса, соопшти во четвртокот данското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс.
Данскиот премиер Мете Фредериксен оваа недела рече дека Данска е подготвена да испрати баталјон во балтичките земји на барање на НАТО, иако за такво барање сè уште ќе биде потребно одобрение од парламентот.
„Русија постојано лажеше за своите намери, па сега не може да им се верува на нејзините тврдења за наводно повлекување на војниците од Киев, бидејќи, според разузнавачите, Русија само ги репозиционира и зајакнува своите трупи за нова офанзива во правец на Донбас“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција по повод објавувањето на неговиот Годишен извештај за 2021 година.
„Ги слушнавме неодамнешните изјави дека Русија ќе ги намали воените операции околу Киев и во северна Украина. Но, Русија постојано лажеше за своите намери. Така што, Русија можеме да ја судиме само според нејзините постапки, а не според нејзините зборови. Според нашите разузнавачи, руските единици не се повлекуваат, туку се репозиционираат. Русија се обидува да се прегрупира, да се надополни и да ја засили својата офанзива во регионот на Донбас. Во исто време, Русија го одржува притисокот врз Киев и другите градови. Така, можеме да очекуваме дополнителни офанзивни акции, кои ќе донесат уште повеќе страдања“, нагласи Столтенберг.
🔴 LIVE SOON
🎙️ Launch of my Annual Report for 2021 #SGreport #NATO
📍@NATO HQ, Brussels https://t.co/FiOx5S2yec
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) March 31, 2022
Столтенберг истакна дека Русија мора да ја прекине оваа бесмислена војна, да ги повлече сите свои војници и да се вклучи во разговори со добра волја.
Истовремено, Столтенберг ги поздрави сите политички напори за изнаоѓање политичко решение за ставање крај на оваа брутална војна, вклучително и неодамнешните разговори во Турција, на кои им се заблагодари за организирањето на таквите разговори.