fbpx

УНИЦЕФ: Им треба помош на бебињата родени во конфликт, расте и заканата за животот на 7,5 милиони деца во Украина

-

Конфликтот во Украина претставува непосредна и растечка закана за животот и благосостојбата на 7,5 милиони деца во земјата. Хуманитарните потреби се множат од час во час додека борбите се интензивираат. Убиени се деца. Децата се ранети. Половина милион деца ја напуштија Украина во соседните земји, а бројот на бегалци продолжува да расте, аралмира УНИЦЕФ.

Агенција на Обединетите Нации одговорна за обезбедување хуманитарна и развојна помош за децата ширум светот апелира и дека има многи бебиња кои се родени во конфликт кои се сместени во привремени болници во подруми на кои им треба помош.

“Здравствените работници во подруми се грижат за новороденчињата, мајките и трудниците. УНИЦЕФ и партнерите ги доставуваат итно потребните комплети за акушерство, лекови и други здравствени материјали во Украина. Како што конфликтот ескалира среде ковид пандемијата, на мајките и на децата им треба помош сега“, порачаа од УНИЦЕФ во апелот за донации.

Според УНИЦЕФ изминатите осум години конфликт во источна Украина нанесоа длабока и трајна штета на децата од двете страни на линијата на контакт, а сега, страдањето се протега низ целата земја.

„Стотици илјади луѓе се без безбедна вода или струја поради оштетување на инфраструктурата, а многумина се отсечени од здравствената заштита“, нагласија од УНИЦЕФ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...