fbpx

Една година од протестите и упадот во Капитол во САД

-

Минатата година, на 6-ти јануари голема група на поддржувачи на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп се собраа пред зградата на конгресот протестирајќи ја одлуката добиена по изборите во 2020 година и прогласувањето на новиот и сега актуелен претседател, Џо Бајден.

Протестот е забележан како вистински историски ужас во кој беа нападнати полициски службеници, ранети повеќе од 150 луѓе и имаше петмина мртви. Покрај тоа, бунтовниците вршеа вандализам на територијата на Капитол и зградата беше окупирана со часови.

Една од фотографките на Ројтерс ја направи фотографијата што за многумина е реалниот приказ на големите протести што избувнаа минатата година. Леа Милис сега претставува свој документарен филм посветен на фотографијата и приказната за тоа како е направена. Во својот краток филм таа зборува за нејзиното искуство тој ден, причината поради која морала да облече заштитен панцир и зошто некои луѓе одбиваат да ја признаат сликата како вистинска кога тоа е она што се случи тој ден.

Краткиот десетминутен филм може да го погледнете ТУКА.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...