А капела магична компилација на празнични песни во изведба на Сара Мејс

Во склоп на новогодишниот прокет „A Cappella Christmas Carols“ изведен од страна на македонската поп пеачка, Сара Мејс, во придружба на пеачките Полина Тасева, Калина Велковска, Теа Богатинова и Емилија Колоска кон крајот на месец декември минатата година беше снимен видео запис од нивната преработена изведба на светски познатиот хит „Santa Claus is Coming to Town“.

Сара Мејс и „божиќните девојки“, како уште се нарекуваат во почетокот на 2022 година подаруваат ново, празнично издание на 8 новогодишни и божиќни песни преработени во а капела стил. Во плејлистата се препознаваат магичните мелодии на „Santa Claus is Coming to Town“, „Jingle Bells“, „Deck the Halls“, „I’ll be Home for Christmas“, како и „Елко Елко“, „Joy to the World“, „Среќна Нова Година“, „The First Noel“.

„Да се биде дел од ваков проект и тоа со вакви прекрасни професионалци, е вистинско
задоволство. Посебно кога ќе се спојат талентирани музичари со желба да се создаде
нешто уникатно за празниците со помош на музиката. Одзивот и коментарите, кои што ги добивме за овој проект, како и за нашите изведби на овие омилени преработки, беа
најглавната мотивација да го финишираме и претставиме самиот проект, како и секоја
песна, во најоригиналната можна верзија, – дел на англиски, а дел на македонски јазик. Сепак тоа е она кое што најмногу нѐ исполнува сите,“ изјави Сара Мејс.

Целата компилација може да се слушне ТУКА.

Сите песни се снимени во македонското музичко студио „Алшар“.