fbpx

Претставен зелениот инвестициски фонд на ТИРЗ – инвестиции од 750 милиони евра и 15.000 работни места

-

ТИРЗ создаде нов Стратешки зелен инвестициски фонд во рамките на Планот за забрзан економски раст на Владата на РСМ. Овој фонд ќе биде наменет за домашни и странски инвеститори, со фокус за средни и големи компании. Концептот за фондот го развиваа заедно ТИРЗ и Светската банка во изминатите девет месеци.

Како што објасни министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција, овој концепт не значи нови задолжувања, туку инструментите предвидени во Планот се така дизајнирани за да може преку нив да се привлече приватниот капитал и при тоа да нема дополнително задолжување и даночно оптоварување. 

„Со предвидените јавни инвестиции од 4 милијарди и дополнителни 8 милијарди евра  приватен капитал, ќе се генерираат 12 милијарди евра што ќе значат забрзан раст, повеќе приходи во буџетот, поголема конкурентност, а со тоа и остварување на овој План“, изјави министерот Бесими. 

Покрај Владата преку ТИРЗ, партнери во оформувањето на финансиската структура на овој план се и меѓународните финансиски институции, како и приватни финансиери – банки, капитални фондови и поединци.

„Механизмот ќе функционира така што во Зелениот стратешки фонд државата и приватни институционални инвеститори ќе соработуваат заедно, а одлуките за инвестициските проекти ќе се носат од страна на стручен панел“, изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Со Зелениот стратешки инвестициски фонд не е предвидено никакво зголемување на јавниот долг. Поврат на финансирањето од фондот ќе се врши по пат на закуп, ројалти и други основи, а распределбата на уделот на сите вклучени во Фондот ќе биде врз база на нивниот придонес во вкупниот фонд.

„Фондот е димензиониран да поттикне 750 милиони евра инвестиции во наредните 4 години, да додадеме 1 отсто дополнителен раст на БДП на сегашниот, и уште поважно да се креираат најмалку 15.000 добро платени работни места, како и значително зголемен извоз од плус 2 милијарди над сегашниот. Имаме реални цели кои можеме да ги исполниме во наредните 4 години со ваков начин на паметно финансирање,“ рече Деспотовски.

Тој посочи и дека веќе се во фаза на реализација два вакви големи проекти кои треба да се финансираат преку овој Фонд. Веќе се подготвува студија на одржливост за инсталирање на фотоволтаични централи во ТИРЗ и креирање на посебна технолошко развојна зелена зона за која една од можните локации е Гевгелија, кои ќе чинат 120 милиони евра.

„Со новиот модел што денеска го презентираме државата ќе обезбеди само 10 отсто, останатите 90 отсто ќе ги добиеме од приватен извор на финансирање. Ефектот врз јавниот долг ќе биде 0 денари, а ниту граѓаните ќе имаат обврски преку камати да ги исплаќаат овие проекти во наредните години ,“ појасни Деспотовски.

Инаку, целта на новиот фонд првенствено е олеснето финансирање на приватниот сектор за транзиција кон модерна, ефикасна и компетитивна економија со нула емисија на стакленички гасови до 2050 година.

Зелениот фонд се базира на два столба, и тоа Промоција на зелени инвестиции во Северна Македонијавклучувајќи зелени инфраструктирни капацитети за инвеститорите во Зоните (енергетика, транспорт односно поврзување до главните патнички-железнички линии во земјата и услуги). Вториот столб се однесува на подобрување на технолошката подготвеност на домашните компании да се вклучат во глобалните синџири на набавка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...