fbpx

Се одржа првата заедничка владина седница меѓу Северна Македонија и Косово

-

Премиерот Зоран Заев денеска го пречека неговиот косовски колега Албин Курти во официјалната работна посета на Скопје, додека двете влади ја одржаа првата заедничка седница. Во функција на поблиска соработка, денеска беше потпишан договор за воведување на заедничка царинска контрола на железничкиот премин Блаце-Хани Елезит, со која значително ќе се намали времето на чекање на граничните премини во железничкиот сообраќај.

Овој договор го утврди извршувањето на активностите на граничното регулирање на железничкиот сообраќај, како и правилата на граничното регулирање на железничкиот сообраќај на овој граничен премин. Контролата ќе ја вршат заедно царински работници од двете земји, на една точка, односно на граничниот премин Хани Елезит.

Во церемонијалниот дел на заедничката седница, овој договор беше само еден од десетината договори и меморандуми што ги потпишаа Северна Македонија и Косово. Станува збор за проекти за изработка на физибилити студија за идниот пат Призрен-Тетово, за соработка во енергетскиот сектор, иновациите, технолошкиот развој и претприемништвото и за многу други прашања што се од интерес на двете земји.

Заев нагласи дека на оваа заедничка седница во прв план се ставени договорите и меморандумите за инфраструктурното поврзување на двете земји со цел да ја олесниме и унапредиме економската соработка и комуникација, како и оние кои опфаќаат меѓугранични проекти со поддршка на ИПА програмите на ЕУ, соработка на полето на енергетиката, како и на планот на туризмот, културата и други.

Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти изрази сочувство до жртвите од несреќата во модуларната болница во Тетово и до сите жртви од пандемијата ковид-19.

На заедничката седница беа соопштени и заеднички иницијативи во заштитата на животната средина, за соработка на проекти за рурален развој и во земјоделството, за правна помош во граѓанските постапки, меѓуграничната и за соработката на проекти за поддршка на Северна Македонија и Косово на патот кон членството во ЕУ.

Во завршницата на заедничката седница премиерот Заев изрази уверување дека во наредниот период министрите на двете влади ќе бидат посветени на имплементација на задачите кои произлегуваат од документите што денеска се потпишаа и дека тоа ќе даде импулс и за развој на соработката и во многу други полиња во иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...