fbpx

Заев: На одлуката за оставките на Филипче и Хасани влијание ќе има форензичкиот извештај

-

Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, заедно со двајцата директори на Клиничката болница во Тетово, продолжуваат да ги извршуваат своите работни обврски на нивните функции, и покрај тоа што тие си дадоа оставки во петокот. За ова информираше премиерот Зоран Заев, кој денеска изјави дека на одлуките за прифаќање на оставките на Филипче и Хасани влијание ќе има форензичкиот и експертскиот извештај за пожарот во тетовската ковид болница.

Премиерот Заев денеска рече дека нема информации за тоа до каде е истрагата, но дополни дека му е важно да има брз резултат од истрагата, да биде исклучително експертски и професионално поставена и истата да ги даде сите одговори на граѓаните во врска со пожарот.

Тој додаде дека министерот Филипче и неговиот заменик Хасани имаат должност да одат на работа и да ја извршуваат министерската функција додека формално-правно не бидат тргнат од функциите. Во однос на прашањето за колективна одговорност на актуелната влада по пожарот во Тетово, премиерот Заев рече дека целата влада не треба да поднесе оставка.

„Нивна должност им е да ја извршуваат нивната функција до доаѓање на нови. Го разбирам високиот морален чин за оставките на министерот и на заменикот министер за здравство, на директорот и на економскиот директор на болницата, но не мислам дека целата влада треба да си поднесе оставка“, изјави премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани со пожарот во тетовската ковид болница во која загинаа 14 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...