fbpx

ДЗС: Просечната нето плата во април е 28.438 денари, поголема за 10,1 отсто од лани

-

Во април годинава, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува  28.438 денари (462 евра), објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, во тој месец, индексот на просечната исплатена нето-плата, во однос на истиот месец од 2020 година, изнесува 110.1, или платата е зголемена за 10,1 отсто. Додека во првите четири месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, зголемувањето на просечната нето плата изнесува 5,5 отсто.

Ваквото зголемување во април оваа година се должи, пред сѐ, на порастот на просечната нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (28,6 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (24 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7 отсто).

Зголемување на просечната плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 отсто), уметност, забава и рекреација (3,7 отсто) и земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 отсто).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...