Фото: Мета.мк

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 456.607 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Прва доза вакцина вчера примиле 2.683 граѓани, а вкупно биле вакцинирани 7.202 граѓани. Во државата вкупно се ставени 482.058 дози вакцини, а ревакцинирани се 203.856 граѓани, односно бројот на граѓани што се целосно вакцинирани досега изнесува 278.202 граѓани.

„Со последните бројки 50 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 отст од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп“, соопшти МЗ.