fbpx

Бензините поевтинуваат за половина, а дизелот за еден денар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти во однос на одлуката од 26 октомври.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за половина денар за литар, додека малопродажните цени на еуродизел и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар.

Од вечерва на полноќ цената на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 58 денари за литар, на „еуросупер БС-98, 60 денари за литар, а на дизелот 49,50 денари за литар.

„Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат намалување: кај бензинот за 7,942 проценти, дизелот за 6,299 проценти, екстра лесното масло за 6,930 проценти и кај мазутот намалувањето е 6,467 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,181 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...