fbpx

Полицијата вчера во Скопје казнила 400 возачи, од кои 65 за пречекорување на брзината

-

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 400 санкции, информираат од МВР.

Полициските службеници вчера напишале 65 казни за пречекорување на дозволената брзина на движење и 47 прекршоци за технички неисправни и нерегистрирани возила. Исто така изречени се 14 прекршоци за возачи кои поминале на затворен семафор, како и 28 санкции за некористење на сигурносен појас. Воедно санкционирани се 15 мотоциклисти.

Полицијата вчера изрекла 51 мерка за непрописно паркирање и 36 казни за неносење на заштитна маска. Вчера 48 возила биле подигнати со „пајак“.

Од МВР најавија дека во наредните денови ќе продолжат со засилените акциски контроли. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...