fbpx

Бензините поевтинуваат, а дизелот поскапува од вечерва на полноќ

-

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за новата цена на горивата што се продаваат на бензинските станици. Од ноќеска на полноќ за денар и половина поевтинуваат бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар.

Согласно најновата одлука на РКЕ, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 59 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 61 денари за литар.

Од ноќеска на полноќ новата цена на дизелот ќе биде 50 денари за литар, а по иста цена ќе се продава и екстра-лесното масло за домаќинство.

Со оваа одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...