Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 852 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Мета.мк претходно извести дека во септември се бележи раст на казните за неносење заштитна маска. Постепениот раст на бројот на новозаболени лица од ковид-19 доведува до построга контрола на полициските службеници во делот на носењето заштитни маски од страна на граѓаните.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со корона вирусот.
Вчера министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека на консултативната средба со Комисијата за заразни болести е договорено да се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците за да се утврди точно начинот на трансмисија на вирусот во повеќе општини, односно градови во државата, врз основа на што ќе се заземе став дали се потребни некакви мерки.