fbpx

Загина 27 годишно лице во сообраќајна незгода на патот од Охрид кон Св.Наум

-

Синоќа во сообраќајна незгода на патот Охрид – Св.Наум дошло до судир на три возила „Цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот И.К. од Битола, „Голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „Фолксваген Пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре, соопштија од Секторот за внатрешни работи во Охрид.

Како што информираат оттаму, од здобиените тешки телесни повреди, И.К. во болницата „Св. Еразмо“ им подлегнал на повредите, а со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во истото возило: М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде биле пренесени и уште едно лице од Битола, кое е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

„Сопатничката во истото возило Д.Р.(25) од Скопје, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Во истата болница за укажување на лекарска помош е пренесена и Б.Р.(23) од Охрид, сопатник во возилото „Голф“, додека по укажана лекарска помош, на домашно лекување се пуштени возачот на „Голф“ А.А. и сопатникот Б.К.(24) од Охрид“ појаснуваат од СВР Охрид.

Полициски екипи заедно со Јавен обвинител и судски вештак извршиле увид на самото место за утврдување на причините и околностите што довеле до несреќата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...