fbpx

Во Штип отворени сите гласачки места, гласањето се одвива без проблеми

-

Со задолжителните заштитни маски и дезинфекција на влезот од гласачките места се одвива гласањето во 80 избирачки места во Штип. Изутринава во седум часот беа отворени сите гласачки места, каде гласањето се одвива без никакви проблеми.

До 9.00 часот излезноста e 9,77 или гласале вкупно 3.424 гласачи, соопштуваат од Општинската изборна комисија. На гласачките места од изутрината можат да се забележат главно повозрасни луѓе, кои изјавија дека гласањето се одвива релативно брзо и се задржуваат само по неколку минути.

Во Општината Штип право на глас имаат 39.566 граѓани. Поради новите мерки за заштита од корона вирусот, променети се 14 избирачки места каде ги немаше неопходните услови за одвивање на гласањето. Овие гласачки места се дислоцирани во училишта и во деловни простории на привнатни компании.

Вчера гласаа 196 болни и изнемоштени лица, како и затворениците од КПД Затвор Штип. Таму, од 192 гласачи од избирачкиот список, гласале 168 затвореници.

Во понеделникот гласаа 43 од пријавените 45 болни од ковид-19 и лица во изолација.

Во Штип до 21 часот ќе биде отворена канцеларијата на Народниот правобранител, каде граѓаните можат лично и на телефонот 032 389-701 да пријават попречување на правото на гласање.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...