fbpx

МОСТ: Гласањето почна навреме, досега се одвива без неправилности

-

Граѓанската асоцијација МОСТ на својата прва денешна прес-конференција за парламентарните избори соопшти дека на сите гласачки места каде што има нејзини набљудувачи, гласањето почнало навреме, се одвивало без неправилности и се почитувале сите протоколи, вклучително и оние за заштита од ковид-19.

МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 20% од вкупниот број на гласачки места на територијата на целата држава, како и 20% од гласачките места во рамките на секоја изборна единица.

Покрај тоа, МОСТ има и 55 мобилни тимови, составени од по двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.
Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

Инаку, на 10-те парламентарни избори, на 3.480 избирачки места право на глас имаат 1.814.613 граѓани. Се гласа за 15 политички партии и коалиции, односно 1.578 кандидати за пратеници. Дијаспората не гласа, оти немало доволно пријавени гласачи.

Денеска, за разлика од претходните избори, поради безбедносните мерки при гласањето и одржувањето растојание меѓу гласачите, наместо во 19 часот, гласачките места ќе бидат затворени два часа подоцна, во 21 часот.

На првиот изборен ден, во понеделникот, гласаа заболените од ковид-19 и луѓето кои се наоѓаат во изолација поради пандемијата. За гласање се пријавиле 823 луѓе, од нив Државната изборна комисија ги прифатила барањата на 759 лица. Од прифатените барања, 723 го искористиле своето право на глас.

На вториот изборен ден, вчера, гласаа болните, немоќните, хронично болните лица, кои гласаат во своите домови, како и затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...