fbpx

Со уривање на хотел продолжи акцијата за рушење дивоградби на охридското крајбрежје

-

Со рушење на хотелскиот објект „Грин спејс“, денеска во Охрид продолжи акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје. Со учество на претставници од локалниот и од државниот градежен инспекторат во Охрид, акцијата за рушење на дивоградбите продолжи со уривање на хотелскиот објект лоциран во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга.

„Отстранувањето на нелегално изградените објекти се одвива согласно Планот за управување со Охридскиот регион, кој произлегува од барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО, а за зачувување на универзалните вредности на заштитеното светско природно и културното наследство на Охрид“, информираат од локалната самоуправа од Охрид.

Евроамбасадорот Самуел Жогар при неговата неодамнешна посета на Охрид го поддржа охридскиот градоначалник во отстранувањето на незаконски изградените објекти на охридското крајбрежје.

Општина Охрид во изминатиов период отпочна со рушење на дивоградбите што беа изградени на охридските плажи, за на нивно место да постави речен песок што беше препорачан од УНЕСКО. Нивниот став е дека ставањето ред на крајбрежјето и стопирањето на нелегалната урбанизација се единствениот пат да се зачува статусот на Охрид и Охридското езеро на листата на УНЕСКО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...