„Охрид колинг“ одложен за 2021

Организаторите на „Охрид Колинг“, „Авалон“ продукција за жал најавија дека фестивалот кој што требаше да се одржи од 31 јули до 3 август е одложен за наредната година. Оваа информација доаѓа откако од „Авалон“ во мај ги објавија изведувачите кои што требаше да настапуваат годинава.

„Сепак, периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното издание на OHRID CALLING ќе биде ТРИ дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид.“ велат од „Авалон“.

Целосната објава можете да ја погледнете овде:

🇲🇰OHRID CALLING FESTIVAL СЕ ОДЛОЖУВА ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА!Драга наша OHRID CALLING армијо,Со огромно жалење ве…

Gepostet von Ohrid Calling am Mittwoch, 1. Juli 2020