fbpx

ФИТР финансиски ќе им помогне на 69 домашни компании кои ќе инвестираат во технолошки развој

-

И во услови на криза, има домашни компании кои се подготвени со минимална државна поддршка да инвестираат во сопствен развој, а со тоа и во развој на македонската економија, изјави денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски на денешната прес-конференција во Владата.

Тој информираше дека вкупно 69 компании од пристигнатите 188 апликации ќе добијат финансиска поддршка од ФИТР преку јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој.

Средствата што компаниите ќе ги добијат, ќе бидат наменети за набавка на опрема, дигитализација, софтвер за подобрување на организацијата и за реализација на проекти за енергетска ефикасност.

Државата ќе ја помогне реализацијата на инвестициите во компаниите со 4,2 милиони евра, а компаниите ќе учествуваат со скоро 10 милиони евра.

Проектите треба да се реализираат во следните 12 месеци, а според структурата главно доминираат малите и микро компании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...