Ден на биодиверзитетот: Во Преспа се пребројува најголемата колонија на пеликани во светот

-

Пребројување на најголемата популација на кадроглави пеликани во светот која живее на Преспанското езеро, е главната активност на Македонското еколошко друштво во одбележувањето на 22 Мај, Денот на биодиверзитетот. Проектот има регионално значење и се одвива во соработка со партнерските организации од Грција и Албанија – Друштвото за заштита на Преспа (SPP) и Друштвото за заштита на животната средина во Албанија (PPNEA).

„Броењето на пеликаните МЕД го спроведува од 2013 година. Тие секојдневно доаѓаат да се хранат во македонскиот и албанскиот дел од Големото Преспанско Езеро и припаѓаат на најголемата гнездечка популација на овој вид во светот, која се наоѓа на Малото Преспанско езеро. Во Македонија, со нашата трилатерална активност за броење на пеликаните на Преспанското Езеро, уште еднаш ја нагласуваме неопходноста од заедничка соработка во напорите за зачувување на биолошката разновидност“, велат во МЕД.

Пребројувањето на пеликаните на македонската страна од езерото започна на локалитетот Маркова Нога, во близина на селото Долно Дупени, на самата македонско-грчка граница, а ќе продолжи во Крани и долж брегот на езерото. Ќе бидат избројани сите единки од двата вида пеликани, кадроглавиот и големиот бел пеликан, кои се гнездат на Преспанското езеро.

Биолошката разновидност ја подразбира севкупноста на живиот свет на Земјата. Таа не ја вклучува само разновидноста на гените, видовите и екосистемите, туку и различните односи помеѓу живите суштества. Комплексноста на оваа разновидност е главна карактеристика на екосистемите и нивното функционирање, кои суштински придонесуваат за благосостојбата на човекот и се од огромна корист за општеството во целина.

Годинава, светот 22 Мај го одбележува под мотото „Решенијата се во природата“. Традиционално, овој ден се одбележува од 2000 година во сите 193 земји кои се членки на Конвенцијата за биолошка разновидност, вклучувајќи ја и Македонија. Слоганот упатува на решенија засновани на природата кои ќе инкорпорираат заштитни мерки за биолошката разновидност и покажува дека луѓето се дел од природата, а не се одвоени од неа. Идните активности на човекот мора да подразбираат решенија кои ќе работат на решавање на загубата на различните видови, на климатските промени и деградацијата на земјиштето и на интегрирање на биолошката разновидност во економските сектори. Темата на претстојната конференција на ООН за биолошка разновидност, COP15, ќе биде: „Еколошка цивилизација: Градење заедничка иднина за сите на Земјата“. А, за да ја изградиме таа иднина, можеме да најдеме решенија во природата.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...