fbpx

Влез и излез од Тетово има, организиран превоз нема

-

Насловот „Од утре: Нема влез и излез од Тетово“ дезинформира, бидејќи не е забранет влез и излез во Тетово, пишува „КриТинк“.

Владата донесе одлука за забрана на организиран превоз во и од подрачјето на Општина Тетово, што не значи дека има целосна забрана за влез и излез од Тетово.

Забраната за организиран превоз на патници во и од подрачјето на Општина Тетово, не значи и целосна забрана за влез и излез. Во владината одлука не се спомнува забрана на превоз со автомобили, туку таа се однесува на превозот со комбиња и автобуси.

Понатаму во одлуката на Владата, во однос на исклучокот од оваа забрана, јасно се укажува дека забраната се однесува на економски оператори. Оттука произлегува дека не станува збор за целосна забрана која би се однесувала на сите превозни средства за влез и излез од Општина Тетово и околните подрачја.

Под економски оператори се подразбира компании кои се регистрирани како превозници, но не и приватниот превоз, односно движење на луѓето со свои превозни средства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...