сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: излез | 17 резултати

Иванов за ХРТ: Целта е да бидеме преодна фаза во создавање на трета албанска држава

април 7, 2017

Целта на платформата на албанските партии не е да се обедини Македонија, туку Македонија да биде преодна фаза во создавањето на трета албанска држава, изјави претседателот на државата во синоќешното интервју во емисијата „Еден на еден“, на Хрватската радиотелевизија (ХРТ). За платформата Иванов вели дека нејзината намера е албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот […]

Кривични пријави за бугарски државјанки кои краделе во трговски центри во Скопје

април 1, 2017

СВР-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство против едно лице на возраст од 17 години, Н.Е.И. (23) и Р.Д.Г. (67), бугарски државјанки, поради постоење основан сомнеж дека извршиле три кражби, при што стекнале противправна имотна корист од околу 135.000 денари, информираат од МВР. Од страна на судија на претходна постапка на лицата Н.Е.И. […]

СДСМ: Документ веќе има, Груевски може да се подготви единствено за опозиција

март 19, 2017

Никола Груевски може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со правдата, ефектите од неговите документи граѓаните ги почувствуваа, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за „Канал 5“. – Сега, пред целата домашна и меѓународна јавност има конкретен документ зад кој стојат околу 700.000 граѓани на Македонија. […]

Груевски најави политички документ – „платформа за зачувување на Македонија“

март 19, 2017

ВМРО-ДПМНЕ подготвува политички документ со кој ќе понуди начин за излез од кризата, најави лидерот на партијата, Никола Груевски, во вечерашното интервју за „Канал 5“. Груевски изјави дека очекува следените денови документот да биде финализиран и да им биде понуден на сите поголеми политички партии како решение за излез од политичката криза. – Ние подготвуваме […]

Видливоста на Стража е намалена поради магла

февруари 25, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена од 80 до 100 метри. Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, […]

Груевски – Фрај: Изборите се излез за надминување на кризата

ноември 7, 2016

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се сретна со пратеникот во германскиот Бундестаг од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и член на комисијата за надворешни работи на германскиот парламент, Торстен Фрај, информираат од владејачката партија. На средбата, како што се појаснува во партиското соопштение, тие разговарале за претстојните парламентарни избори, како и за надминувањето на политичката криза. […]

Чарлс Купчан „ги преслуша“ лидерите на четирите политички партии

август 15, 2016

Лидерите на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска во одвоени средби се сретнаа со Чарлс Купчан, директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД. На средбите се разговарало за излез од политичката криза, политичките предизвици со кои се соочува државата, евроатланските интеграции и членството […]

Кучи на конференција за економска соработка меѓу земјите што немаат излез на море

јуни 23, 2016

Министерот за економија, Дритон Кучи, денеска и утре престојува во Женева, каде учествува на Петтата седница на министрите за трговија на земјите во развој без излез на море. Настанот се организира по повод новата Спогодба за олеснување на трговијата на Светска трговска организација (СТО), а меѓународните организации ќе понудат концепт на соработка со овие земји. – […]

Тачи не верува во одржување на лидерска средба

јуни 13, 2016

„На лидерската средба што се најавува за деновиве нема што да се понуди за излез од кризата. Таква средба би била несериозна и не верувам дека ќе се одржи“. Ова на брифинг со новинарите, го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по синоќешната ифтарска вечера, која традицонално ДПА ја одржува во Тетово. Решението за излез од […]

ЕУ ќе ѝ се закани на Грција дека ќе ја исклучи од шенген-зоната

декември 2, 2015

По заканата за напуштање на еврозоната, Грција се соочува со предупредувања и со закани за можен излез од шенгенската зоната. Ова го пренесуваат грчките весници „Катимерини“ и „Прото тема“, коментирајќи дека земјите-членки на Европската унија (ЕУ) веќе почнуваат да испраќаат сериозни предупредувања до Грција дека доколку не ги спроведе мерките за бегалската криза договорени на […]

На Табановце се чека половина час за излез

јули 31, 2015

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштија од АМСМ. На граничниот премин Табановце има задржување од околу 30 минути, а на другите гранични премини, и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.

Петерле: Политичкиот договор за излез од кризата мора да се спроведе

јули 21, 2015

Алојз Петерле, копретседавач на бирото на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и ЕУ, денеска на прес-конференција порача дека одредбите од политичкиот договор за надминување на кризата мора да се исполнат за во октомври Македонија да добие позитивен извештај и да се приближи кон ЕУ и кон НАТО. Според него, сега не е време да […]

Намален бројот на Македонци кои викендов преку Богородица оделе во Грција

јули 6, 2015

Во двата дена од викендот (сабота и недела) од земјава во Грција, преку граничниот премин Богородица, отпатувале само околу 6.200 македонски државјани, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Мета“. Според статистиката на МВР, од четвртокот (2 јули) заклучно со неделата (5 јули) вкупно 10.694 македонски државјани заминале во Грција, додека во истиот период […]

Страна 1 од 1