fbpx

Намален бројот на Македонци кои викендов преку Богородица оделе во Грција

-

Во двата дена од викендот (сабота и недела) од земјава во Грција, преку граничниот премин Богородица, отпатувале само околу 6.200 македонски државјани, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Мета“.

Според статистиката на МВР, од четвртокот (2 јули) заклучно со неделата (5 јули) вкупно 10.694 македонски државјани заминале во Грција, додека во истиот период 9.200 граѓани на земјава преку преминот Богородица се вратиле од Грција.

Од друга страна, бројот на странски државјани што преку истиот премин влегле од Грција во земјава е двојно поголем и изнесува 22.738 лица. Бројот на странци кои преку Македонија влегле во Грција, односно оствариле излез на Богородица, е 31.831 лица.

Според МВР, фреквенцијата на граничниот премин Богородица од четвртокот до неделата била следна:

2 јули:

македонски државјани

излегле – 2.112
влегле – 1.956

странски државјани

излегле – 7.837
влегле – 6.469

3 јули:

македонски државјани

излегле – 2.337
влегле – 2.958

странски државјани

излегле – 3.230
влегле – 5.844

4 јули:

македонски државјани

излегле – 2.642
влегле – 1.890

странски државјани

излегле – 10.547
влегле – 6.451

5 јули:

македонски државјани

излегле – 3.603
влегле – 2.399

странски државјани

излегле – 10.217
влегле – 3.974

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...