fbpx

Седуммина излекувани, 15 новозаразени, тројца починати

-

Во последново деноноќие починаа тројца пациенти на Клиниката за инфективни болести, едниот од Кочани на четириесетгодишна возраст без познати минати заболувања, како  идвајца пациенти од Тетово, едниот на возраст од 69 години со претходна болест тумор на мозокот и пациент на 65 години без претходни болести, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. На прес-конференцијата присуствуваа и се обратија и премиерот Оливер Спасовски, како и д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

– Од клиниката заминуваат четворица оздравени пациенти, кои имаа негативни тестови. Од Дебар стигнаа резултати за тројца пациенти кои беа на домашно лекување, истите се негативни. До утрово на клиниката се примени 10 нови пациенти, сега вкупната бројка на хоспитализирани лица е 70, од кои осуммина се на механичка вентилација, а 10 се со потешка клиничка слика. Вкупната бројка на заразени пациенти во државата е 570 – рече Филипче.

Д-р Владимир Микиќ реќе дека разбира што новите рестриктивни мерки се примаат и со одредена доза на недоверба кај граѓаните, но истакна дека тие се неопходни.

– Немаме лек, немаме вакцина и немаме друга мерка која ќе ја спречи епидемијата. Ве уверувам дека ако немаме вакви мерки, ќе имаме поголеми проблеми, кои ќе го оптоварат нашиот здравствен систем. Да се придржуваме кон мерките на одржување социјална дистанца. Уште сме во фаза каде се зголемува бројот на случаи. Смртноста е една од пониските во светот и се движи под четири отсто, но овие мерки беше неопходно да се воведат – рече Микиќ.

Премиерот Спасовски побара од граѓаните пораката да биде примена и луѓето да не се групираат во маркети, банки, пошти.

– Секое групирање е многу голем ризик. Гледавме како повторно граѓани излегуваат без да ги почитуваат сите досегашни мерки. Тоа е одговорот зашто пристапивме кон порадикални чекори. Во ваква состојба мора да се носат брзи одлуки. Затоа е важно сите да ги почитуваме одлуките, да нема паника меѓу населението – рече Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори до 9 часот бил 4, 45 отсто, додека на претседателските избори 4,17 отсто. Според податоците на Државната изборна комисија, најмалата излезност за парламентарните...