fbpx

За три дена инспекторите затвориле 15 угостителски објекти

-

„Државниот пазарен инспекторат изврши вкупно 8.200 надзори во изминатите 3 дена и продолжува со истата динамика, со посета на околу 3.000 објекти секој ден. Констатирано е дека нема зголемување на цените на производите во маркетите, а најголем дел од правните субјекти ги почитуваат мерките во однос на забраната или начинот и времето на работење. Инспекциските служби затворија 6 угостителски објекти во Скопје, 3 во Тетово, по 2 во Битола и во Гостивар и еден во Куманово. Ова се објекти кои беа отворени за гости, и покрај мерките на Владата“, посочи претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на прес конференција во Владата, на која ги презентираше извештаите од инспекциски надзори кои интензивно се спроведуваат на терен.

Таа додаде дека во периодот од 16 до 18 март се извршени 79 надзори, а Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) во тој период извршила вкупно 17 вонредни инспекциски контроли, при што е констатирано дека сите зголемени цени кај аптеките се должат на зголемената набавна цена на производите. Затоа МАЛМЕД дава препорака да Владата да утврди максимална цена за маски, ракавици и средства за дезинфекција, која не смее да се надмине во прометот на големо и прометот на мало.

Филиповска-Грашкоска информираше дека државниот инспекторат за транспорт констатира дека меѓуопштинскиот сообраќај се одвива со намален интензитет од 68-80% и се уште се редуцира од страна на превозниците, а меѓународниот линиски превоз на патници е во целосен прекин. ДИТ реализираше вкупно 573 контроли во фирми, при што се донесени 5 решенија и 26 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...