fbpx

Арбнора Мемети: Го жртвуваме сопственото здравје за известување во кризни времиња

-

Освен лекарите, една од најважните должности во кризните времиња ја имаат новинарите и фоторепортерите. Со единствена цел луѓето да се информираат за сé во врска со корона вирусот, тие се секој ден на терен, жртвувајќи го и нивното здравје. На оваа тема повеќе разговаравме со фоторепортерката Арбнора Мемети, пишува „Порталб.мк“.

Пред појавата на корона вирусот Нора се будела од алармот во 7 часот, но сега нејзината дневна рутина на работење е целосно променета.

– Реално сé е променето, оваа видлива промена се забележува во сите професии во нашата земја и пошироко. Промената се чувствува, веројатно сега не се будиме во 7 часот за да одиме на работа, редакцијата во која работам целосно го има сменето режимот на работа, работиме во групи, повеќето од дома а јас сум постојано на терен и во секое време сум на располагање за потребите на медиумот во кој работам, за покривање на сите настани што се случуваат во нашата земја – вели Мемети.

Таа заедно со поголем број нејзини колеги секојдневно го жртвуваат нивното здравје, со цел известувањето за овој вирус да биде што е можно пообјективно. Според Арбнора, постои голем знак прашалник во однос на тоа колку се почитува оваа пожртвуваност на новинарите.

– Од професионален аспект, овие настани ги доживувам поинаку. Навистина е вонредна состојба, но за разлика од другите професии ние не можеме да работиме од дома, како лекарите и ние сме на фронтот, се жртвуваме за сите да бидат правилно информирани. Така што нема простор за паника. Колку ја ценат нашата работа, подобро да не зборувам. Не слушнав некој да рече денес да им аплаудираме на новинарите кои се жртвуваат во целата оваа ситуација, кои се дури најмалку заштитени, цело време се изложени на ризик и лесно можат да се заразат на работното место, истакна Арбнора Мемети.

Арбнора зборува критички за тоа колку нашите медиуми се технички подготвени за коронавирусот. Според неа, исто како што нашите медиумите никогаш не беа во можност да им обезбедуваат на новинарите заштитни шлемови кога известуваа од протести, па дури и насилни, така и сега не можат да им обезбедат ниту маска, гел за дезинфекција или ракавици.

Меѓутоа, таа истакна дека лично се чувствува безбедно бидејќи се придржува до сите препораки, нагласувајќи дека постојано ги мие рацете, се движи со маска и ракавици, избегнува да го допира лицето и други предмети преку кои може да се пренесе вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...