fbpx

Започна медиумската кампања „Ако имаш мислење, гласај!“

-

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) денеска започна медиумска кампања која има за цел да ги мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во април 2020 година.

„Гласањето е право кое граѓаните имаат шанса да го искористат на избори, но често тие не се сигурни дека тоа ќе направи разлика. Оваа медиумска кампања ќе се обиде да допре до граѓаните и да им посочи дека вклученоста и гласањето на избори се единствениот начин на кој граѓаните можат да направат разлика и да влијаат на одлуките кои подоцна пак имаат директно влијание врз нив. Кампањата ќе посочи дека и покрај тоа што можеби политиката некому лично не му е важна, сепак сите важни работи во животот зависат од политиката. Прашањата врзани со слобода на говор, социјални политики или пак со транспарентност и отчетност на властите, се прашања од кои зависи квалитетот на живот на граѓаните, и во суштина, се политика,“ се вели во соопштението на ФООМ.

Воедно, кампањата ќе се обиде да потенцира дека гласањето на избори е всушност гласање за политики кои имаат за цел создавање на отворено, демократско и функционално општество.

„Гласањето на избори значи изразување на мислење за тоа кои се оние кои ќе носат одлуки во име на граѓаните во наредните години имајќи ги предвид политиките кои тие ќе ги застапуваат. Повеќе информации врзани со елементите на кампањата можете да најдете на веб-страницата на ФООМ, како и на официјалните профили на Фондацијата на Facebook, Instagram и Twitter,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...