fbpx

Mакедонскиот државјанин со коронавирусот е во добра здравствена состојба

-

Министерство за здравство информира дека заболениот македонски државјанин со коронавирусот на бродот во Јокохама, Јапонија е во добра здравствена состојба.

„Се работи за блага форма на заболување, меѓутоа со оглед на рутинските процедури, овој наш граѓанин е транспортиран во болница на лекување“, потенцираше лекарката Гордана Кузмановска.

Кузмановска додаде дека Македонија постапува согласно насоките од Светската здравствена организација и целосно сме подготвени да се справиме со корона вирусот.

„Работата е целосно под контрола и во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника во нашата држава,“ додаде Кузмановска.

Министерство за надворешни работи информираше дека еден од тројца Македонци што се наоѓаат во карантин на бродот „Diamond Princess” закотвен во јапонскиот град Јокохама е заразен со новиот корона вирус (COVID-19).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...