fbpx

Антикорупциска: Ректорите на УКИМ и УКЛО незаконски формираат синдикати

-

Ректорите на скопскиот и на битолскиот универзитет директно ги прекршиле начелата на законитост и интегритет со повикот за формирање синдикати на универзитетите, соопшти Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешата прес-конференција. Прекршување на Законот за работни односи утврдил и Државниот инспекторат за труд, кој ќе спроведе своја постапка.

Независниот академски синдикат до ДКСК пријавил постоење судир на интереси и прекршување на одредби од Законот за работни односи, според кои работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор на основање и дејствување на синдикатите. Во меѓувреме, Државниот инспекторат за труд утврдил прекршување на член 195 од Законот за работни односи.

– ДКСК, имајќи ги предвид наодите , укажува дека со ваквото постапување на ректорите директно се прекршени начелата за законитост и интегритет, кои тие први треба да ги применуваат – изјави Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има разврска на случаи покренати од Комисијата, Ивановска рече дека работите почнале да се движат.

– Факт е дека процесите започнаа да се движат, факт е дека има ефекти од работата на комисијата, тоа повеќе се гледа во случаите на судир на интереси, каде што лица на повеќе функсии се повлекуваат од една од функциите. Преку ноќ не може да ја смениме состојбата, но тука сме да алармираме, па под притисок на јавноста, работите ќе почнат да се менуваат, рече Ивановска, која најави засилена соработка со Јавното обвинителство.

ДКСК повторно ги нагласи законските забрани во предизборниот период: за вработување и отпуштање, за почеток на градба на нови објекти, за вонредни исплати на плати, пензии, социјална помош, за продажба на државен имот и потпишување колективни договори. Комисијата повтори дека засилено ќе ги следи изборните активности, во соработка со граѓанските организации активни во борбата против корупцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...