fbpx

Како тендерот за кетеринг на Архивот од 5 илјади стана 5 милиони евра

-

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова на „Твитер“ сподели објава со која шири дезинформација дека Државниот архив распишал тендер за кетеринг вреден пет милиони евра, пишува „КриТинк“.

Цветанова се повикува на тендерот објавен на Бирото на јавни набавки (објавен и на „Тајм“), а во кој има очигледна грешка – на реалната сума од 354.000 денари биле додадени три нули, па износот станал 354.000.000 денари.

Од Одлуката за јавна набавка што ја донел Државниот архив  се гледа дека станува збор за грешка, односно дека тендерот чинел 300.000 денари или 5.000 евра.

Исто така, директорот на Државниот архив, Емил Крстески реагираше дека во конкретниот случај е направена техничка грешка и рече дека лицето одговорно за јавни набавки признало дека погрешило.

„По опсежните разговори со вработените во финансискиот сектор на Државниот архив е утврдено дека лицето одговорно за јавни набавки направило наводно ненамерна техничка грешка додавајќи на сумата за кетеринг предвидена за цела 2020 година уште 3 нули. Со тоа сумата од 300.000 која е предвидена за кетеринг на изложби,промоции и гости од странство, кои и не мора да бидат потрошени станале 300.000.000 (триста милиони). Тој и самиот го призна тоа и против него веднаш е поведена дисциплинска постапка за несовесно работење“ – изјави Крстески.

Иако, лесно може да се види дека станува збор за грешка, сепак Цветанова како да е убедена во точноста на сумата ја шири по социјалните мрежи како своевиден доказ за недомаќинското трошење на парите на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...