fbpx

МЗШВ: Откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм

-

Откупот на тутунот се одвива непречено на сите откупни пунктови во земјава, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопнство.

Досега според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм, што е досега највисока просечна цена.

„Вредноста на откупениот тутун е над 4,2 милијарди денари и 94,4 отсто од досегашниот откупен тутун е исплатен од страна на откупните компании. Од реколтата 2019 вкупно се засадени 13.342 хектари тутун и склучени 32.798 договори со девет компании. Издадени се 20.933 евидентни листови. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019 изнесува над 26.700 тони тутун, што е за шест отсто повеќе од реколтата 2018“, се вели во соопштението.

Од оваа 2020 година според новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, ќе се укинат евидентните листови, со што драстично ќе се олеснат административните процедури за тутуноптоизводителите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...