понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: тутун | 46 резултати

Предизвикал пожари и ги признал делата – приведено лице од радовишко

септември 20, 2023

Два пожара летово предизвикал жител на радовишкото село Али Коч, при што во еден од пожарите постоела опасност да биде зафатена и куќа. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека полициски службеници од радовишката полициска станица вчера го лишиле од слобода 52-годишниот С.Р. Тој се сомничи дека во понеделникот предизвикал пожар на местото викано „Градска […]

СЗО: Половина од македонските граѓани пушат во просек по 18 цигари на ден

мај 26, 2023

Најновите истражувања, кои беа презентирани денеска, повторно го потврдија фактот дека С. Македонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во европскиот регион на Светската здравствена организација. Речиси половина од возрасната популација пуши редовно цигари, а 70 отсто од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по […]

Запленети над 200 килограми тутун од пазари, возила и од нелегални продавници

мај 19, 2023

Полициски службеници од криминалистичка полиција и од економски криминал, во заедничка акција со царински службеници, претставници од УЈП и од Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје денеска спровеле акција против криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки. Од […]

Околу 16.000 тутунопроизводители ги добија парите за ланската реколта

април 27, 2023

Субвенциите за тутунот од реколтата за 2022 година денеска се исплатени на околу 16.000 тутунопроизводители, на нивните сметки се префрлени вкупно 26,3 милиони евра, соопшти премиерот Димитар Ковачевски. „Во услови на најголема криза, државата обезбеди највисока рекордна цена на тутунот и дополнителна субвенција, со што оваа година имаме рекордни резултати во производството на тутун. Ова […]

МВР и Царинската управа запленија 860 килограми режан тутун од скопските пазари

септември 18, 2021

Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на  режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје. Предмет на акцијата беше  контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и […]

Истражување: Земјава е лидер во регионот според потрошувачката на цигари по пушач

декември 25, 2020

Република Северна Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Податоците на Аналитика покажуваат дека процентот на пушачите (преваленцата) во однос на вкупниот број на жители, во РСМ изнесува 48,4 отсто. За споредба, во европските земји, преваленцата на пушење е далеку […]

Тутунарите од пелагонискиот регион два часа го блокираа патот Прилеп-Скопје, бараат поголема откупна цена

декември 16, 2020

Минимална откупна цена од 180 – 200 денари за килограм откупен тутун, укинување на 4-та класа и реална проценка на горните берби. Ова се главно барањата на тутунарите од пелагонискиот регион кои што денеска од 10 до 12 часот го блокираа излезот на Прилеп кон Скопје, кај месноста Заполшки мост. Стотици тутунари од сите пелагониски […]

Димковски: Неочекувано ниски цени на тутунот

декември 3, 2020

Во првите денови од откуп на тутунот, постигнати се цени од 140, 160 па и 170 денари за килограм сув тутун, што е неочекувана ниска цена, оценува Трајан Димковски заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој за утре најави средба на тутунопроизводителите со министерот Арјанит Хоџа. Со откуп на тутун сѐ уште немаат стартувано сите […]

МЗШВ: Откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм

јануари 8, 2020

Откупот на тутунот се одвива непречено на сите откупни пунктови во земјава, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопнство. Досега според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм, што е досега највисока просечна цена. „Вредноста на откупениот тутун е над […]

Истражување: Милиони евра губат државата и легалниот пазар од шверцот на тутун

март 22, 2019

Големиот пораст на нелегална продажба на најчесто шверцуван сецкан тутун на пазарите во земјава е потврден и очигледен факт. Ваквата состојба им се заканува на сите што се дел од легалниот пазар, од над 100 илјади луѓе што живеат од производството на оваа земјоделска култура, преку производителите на цигари и други производи од тутун, државата губи милиони евра […]

Започна откупот на тутунот, 4.700 договори повеќе од ланската реколта

ноември 19, 2018

Денеска започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година. Според базата на податоци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до денеска се отворени 195 откупни пунктови, на кои што тутунарите можат да го предаваат тутунот. Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со девет откупни претпријатија. Подрачните […]

Помали акцизи за малите производители на алкохол

јули 30, 2018

Со новиот Закон за акцизи, малите дестилерии ќе плаќаат 50% од полната акцизата по литар алкохол, а земјоделците-  мали производители 8,5% од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол, акцизата останува иста. Станува збор за нов закон кој е усогласен со ЕУ директивите, известија од Министерството за финансии. Дополнителна поволност која ја […]

Невремето во прилепско 100 проценти ги уништи тутунот, пиперката, пченката и житото

јули 24, 2018

Невремето кое вчера зафати повеќе населени места од прилепско, зад себе остави катастрофални последици, информираат од Општина Прилеп. Огромни се штетите на земјоделските површини во атарот на селата Мало и Големо Коњари, Кадино Село, Галичани, населбата Варош и повеќе други населени места. „На површина од околу 600 хектари, речиси целосно се уништени насадите со тутун, […]

Врнежите и невремето ги намалиле квалитетот и количините на тутунот

јули 16, 2018

Стопанска комора на Македонија (СКМ) очекува пониски откупни цени и пониски класи  на тутунот поради намалениот квалитет, информираше денеска Васко Ристовски од СКМ. Тој додаде дека врнежите и невремето минатата недела предизвикале појава на болести и штетници што влијаеле врз квалитетот, а се одразило и врз количините. – Поголемата цена и исплатата на субвенциите по класи […]

Филипче: Цигарите се причина за 12% од смртните случаи кај срцевите заболувања

мај 30, 2018

Употребата на тутун и изложеноста на пасивно пушење придонесуваат за приближно 12 проценти од сите смртни случаи кај срцевите заболувања, а елиминирање на употребата на тутунот може да заштити милиони луѓе од срцев и мозочен удар, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по повод 31 мај – Светскиот ден без тутун. Под мотото „Избери […]

Исплатата на субвенциите за тутунот ќе почне в четврток

мај 15, 2018

Исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, ќе почне в четврток информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка, во земјоделството и руралниот развој зголемени субвенции ќе добијат над 23.400 тутунари, по просечна цена од 217,6 денари за килограм. „Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три […]

Субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе се исплаќаат од следната недела

мај 8, 2018

Денеска во Службен весник се објавија измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, со што, се создадоа законски услови за навремена исплата на субвенциите, меѓу кои е и исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Дел од измените на овој закон предвидуваат одложување […]

МЗШВ: Петте нови закони носат придобивки за земјоделците

мај 3, 2018

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска порача дека петте закони од област на земјоделството што вчера беа изгласани од Собранието, ќе донесат бројни придобивки за земјоделците и дополнителна заштита на нивните интереси. Станува збор за законите за земјоделство и рурален развој, за ловство, за рибарство и аквакултура, за консолидација на земјоделско земјиште и […]

Владата на аукција ќе го продава „мерцедесот“ за 230.000 евра

февруари 13, 2018

Владата донела одлука да се продаде блиндираниот „мерцедес“ С600 преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии. „Почетната проценета вредност на овој автомобил, согласно проценката на  Бирото за судски вештачења, изнесува 14.372.208,00 денари (230.000 евра). Јавното наддавање ќе се изврши електронски на интернет страницата www.e-aukcii.finance.gov.mk“, стои во соопштението. Истовремено, […]

Николовски: Тутунарите ќе добијат повисоки субвенции

февруари 13, 2018

Тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции почнувајќи од реколтата 2017 година, информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Тој рече дека се направени измени во висината на субвенциите, со што, директно се стимулира производство на квалитетен тутун. – Воведени се субвенции на три нивоа, и тоа, субвенцијата за прва класа тутун ќе изнесува 80 […]

Страна 1 од 3