недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: откуп | 61 резултати

Откупувачите на јагниња не очекуваат проблеми со пласманот

март 25, 2019

Откупувачите на јагниња на средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски посочиле дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено. Тие, како што информираат од МЗШВ, позитивно ја оцениле иницијативата што се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и […]

Николовски: Не преземаме долгови, директно ќе ги обештетуваме лозарите

февруари 5, 2019

Државата не презема долгови на приватни компании, туку директно ги обештетува лозарите, а преку финансиските инструменти на Управата за јавни приходи (УЈП), тие пари ќе бидат вратени во Буџетот, посочи денеска министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање. – Во следните три години, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, сите […]

Започна откупот на тутунот, 4.700 договори повеќе од ланската реколта

ноември 19, 2018

Денеска започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година. Според базата на податоци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до денеска се отворени 195 откупни пунктови, на кои што тутунарите можат да го предаваат тутунот. Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со девет откупни претпријатија. Подрачните […]

МЗШВ: Eдна третина од индустриското јаболко е откупена

ноември 6, 2018

Еден месец по воведувањето на новата интервентна мерка, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство информира дека откупена е една третина од индустриското јаболко. „Со цел производителите на јаболка да имаат рентабилно производство, Владата воведе нова интервентна субвенција за производителите на јаболка. Конкретно, производителите на јаболко кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи кои […]

Започна аплицирањето за субвенции за откупувачите на сливи и на пченица

октомври 22, 2018

Сите откупувачи на сливи и преработувачи на пченица, од денеска до 25 декември, ќе може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за откупени сливи и пченица од домашно производство од овогодинешната реколта. Висината на поддршката изнесува два денари по килограм. „Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите за добивање на финансиската поддршка барањата за подмерките може […]

Откупот и продажбата на земјоделски производи намалени во однос на лани

август 16, 2018

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 4,4% во однос на истиот период од претходната година. Позитивна промена има кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители, каде е забележано зголемување за 14%, а кај продажбата на земјоделски производи од […]

Нова субвенција за решавање на проблемот со откупот на сливите

август 13, 2018

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека поради проблемите со откупот на сливите ќе интервенира Владата, со тоа што ќе доделува субвенции на откупувачите и преработувачите на сливи. Од министерството велат дека на утрешната седница на Владата на дневен ред ќе бидат и измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 […]

МЗШВ: Жетвата заврши, пченицата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм

август 6, 2018

Жетвата на пченицата заврши на сите засеани 78.000 хектари, а просечениот принос е околу 3.500 килограми по хектар, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму додаваат дека лебното зрно од овогодинешната реколата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм, во зависност од квалитетот на пченица. До 15 август […]

Врнежите и невремето ги намалиле квалитетот и количините на тутунот

јули 16, 2018

Стопанска комора на Македонија (СКМ) очекува пониски откупни цени и пониски класи  на тутунот поради намалениот квалитет, информираше денеска Васко Ристовски од СКМ. Тој додаде дека врнежите и невремето минатата недела предизвикале појава на болести и штетници што влијаеле врз квалитетот, а се одразило и врз количините. – Поголемата цена и исплатата на субвенциите по класи […]

МЗШВ: Откупот на лубеници се одвива непречено, земјоделците се манипулираат

јули 6, 2018

Во последните седум дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денеска се планира откуп од околу 130 тони лубеница, реагираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на информациите дека земјоделците протестираат и дека лубениците чекаат да бидат откупени. „Според Подрачната единица во Струмица, во следните денови се планира откуп уште на 200 […]

Николовски: Нема застој во откупот на лубениците и другите земјоделски производи

јули 4, 2018

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски рече дека дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, и доколку се процени дека има потреба, Владата ќе преземе соодветни мерки, како што бил случајот со доматите. Тој потсети дека лани, МЗШВ воведе дополнителна субвенција од два денари за килограм за лубениците и шест денари за килограм праски, […]

МЗШВ ќе го откупува вишокот на домати, отежнат пласманот на странски пазари

јуни 21, 2018

Откупот на македонските домати е отежнат и затоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство договара вишокот на домати да го откупат домашните преработувачките капацитети, информираат од таму. „Почетната откупна цена на доматите беше 25 до 30 денари за килограм, а сега е 10 до 15 денари за килограм. Точно е дека во моментов е отежнат откупот, […]

Николовски: Деновиве ќе биде исплатена дополнителната субвенција за лозарството

април 16, 2018

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешниот состанок со винарските визби, на кој учествуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, порача дека лани се исплатени сите обврски и субвенции за лозарите и винарските визби, а наскоро треба да стартува и исплатата на дополнителната субвенција […]

Тренов: Откупувачите на зелка купуваат само од тие што не протестираа

април 12, 2018

Иако претставници на министерството и владата се фалат дека експресно го решиле проблемот со откупувачите и производителите на зелка, и договориле цената да се движи од 20-25 денари по килограм, состојбата е поинаква. Откупот е драстично намален, а воопшто не се откупува од производители што минатата седмица протестираа, обвини Ромео Тренов на прес-конференција во седиштето […]

Поништен конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 година

март 29, 2018

Министерството за култура соопшти дека конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 година, објавен на 6 април минатата година, се поништува поради административни пропусти во неговото спроведување. Конкурсот ќе биде повторен. Министерството ќе поведе соодветни дисциплински постапки за службите задолжени за спроведување на конкурсот, за да се утврди одговорноста за направените пропусти. Според соопштението, […]

Откупната цена на тутунот достигна 214,8 денари за килограм

јануари 17, 2018

Откупот на тутун е во завршна фаза и се очекува да заврши до крајот на месецот, а просечната откупна цена на тутунот од реколтата 2017 достигна 214,8 денари за килограм, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство досега се откупени повеќе од 21,5 милиони килограми тутун во […]

Николовски во Кавадарци вети дополнителни субвенции за лозарите

септември 9, 2017

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска соопшти дека на првата наредна седница Владата ќе донесе одлука за дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во домашните винарски визби. Тој беше во Кавадарци на традиционалната манифестација во чест на грозјето и виното „Тиквешки гроздобер“. – Висината на субвенцијата ќе биде определена на […]

СДСМ: Покрај субвенции, договорен е и поголем откуп на лубеници

јули 19, 2017

Владата предводена од СДСМ активно работи на надминување на проблемите, преку мерки што ќе ја стабилизираат цената на лубениците и ќе ги санираат штетите на производителите на бостан, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се додава дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулирала со земјоделците, а субвенциите и […]

Костадиновски: Земјоделците летово ќе заработат четирипати помалку од откупот на лубеници отколку лани

јули 19, 2017

Соочени со една од најтешките години, производителите на лубеници цел месец бараат поддршка од владата на СДС и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, за решавање на огромниот проблем поврзан со откупот и со исклучително ниската откупна цена на лубениците, изјави денеска на прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека нема […]

Пемова: Да престане увозот на праски и да се зголемат субвенциите

јуни 20, 2017

Доделувањето 6 денари за еден килограм праски предадени кај откупувачите во суштина значи никаква поддршка зашто откуп воопшто нема, а кога нема откуп, тоа значи дека земјоделците не предаваат праски за да добијат дополнителна поддршка, порача на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пратеничката Весна Пемова. Таа реагираше на денешната најава на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој посочи […]

Страна 1 од 3