МЗШВ: Eдна третина од индустриското јаболко е откупена

Еден месец по воведувањето на новата интервентна мерка, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство информира дека откупена е една третина од индустриското јаболко.

Со цел производителите на јаболка да имаат рентабилно производство, Владата воведе нова интервентна субвенција за производителите на јаболка. Конкретно, производителите на јаболко кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи кои вршат извоз, ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка“, соопштуваат од МЗШВ.

Владата ја донесе оваа одлука со цел да им се излезе во пресрет на производителите на јаболка особено во преспанскиот регион, кои претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди, поради што има оштетување на родот што директно влијае на економската вредност на јаболкото.