fbpx

МЗШВ: Жетвата заврши, пченицата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм

-

Жетвата на пченицата заврши на сите засеани 78.000 хектари, а просечениот принос е околу 3.500 килограми по хектар, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од таму додаваат дека лебното зрно од овогодинешната реколата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм, во зависност од квалитетот на пченица.

До 15 август е и рокот за доставување на барање за понуди за Јавна набавка на меркантилна пченица за потребите на Агенцијата за стоковни резерви. На јавниот оглас за прв пат се дозволени и помали лотови, со цел и земјоделците да можат директно да продадат пченица за стоковни резерви.

„Има 10 лота од по 100 тони и 3 лота по 4.000 тони пченица. На овој начин ќе се придонесе за зголемување на откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена. Очекуваме сите овие мерки да дадат дополнителен стимул во овој сектор, како и да обезбедиме одржливо и конкурентно производство на полјоделските култури, особено на пченицата како најзначајна“, се вели во соопштението на МЗШВ.

Твитер сега вреди помалку од половина од она што Маск го плати за компанијата

Твитер вреди помалку од половина од она што Илон Маск го плати за платформата пред шест месеци, според пресметките засновани на протечениот меморандум испратен од милијардерот до вработени во...
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
online free course
download huawei firmware
Download WordPress Themes
free download udemy course